Вториот турски интернационалец во МЗТ Скопје УБ ќе игра во АБА лигата

0Shares
0 0

За Самет Јигитоглу е заинтересиран тимот на Анадолу Ефес, а неговиот сонародник Демир Доган кој претходната сезона играше во МЗТ Скопје УБ не се враќа во татковината, туку ќе продолжи во Црна Гора.

Негов нов клуб е АБА-лигашот Студентски центар кој имаше одлична сезона во регионалното натпреварување и покажа дека неслучајно е дел од елитата. Студентски центар е филијала на Будуќност, па нема да биде чудо ако 16-годишниот турски интернационалец заигра во овој тим во блиска иднина.

Минатата сезона Доган одигра 22 натпревара и просечно постигнуваше по 3,5 поени, 3 скока и 1 асистенција за 19,4 минути на теренот. Не смее да се заборави дека беше еден од најмладите кошаркари во Првата лига на Македонија.

0Shares
0 0