„Задар ја победи Звезда, зошто МЗТ да не го победи ФМП?“

0Shares
0 0

По двонеделната пауза поради репрезентативните настапи, викендов продолжуваат натпреварите во АБА лигата.

Седмото коло го отвора МЗТ Скопје со гостување кај српскиот ФМП кој е најпријатно изненадување во досегашниот дел од регионалното натпреварување. Се наоѓа на второто место со биланс 5/1, а единствениот пораз досега го претрпе од шампионот Црвена Звезда.

Голем дел од кошаркарите на МЗТ Скопје претходниот период беа зафатени бидејќи играа за македонската репрезентација. Меѓу нив и Дамјан Робев кој ја прифаќа аутсајдерската улога на неговиот тим на денешниот меч, но верува во изненадување.

„Ќе сториме се адекватно да се подготвиме за дуелот против ФМП кој доаѓа во период на густ распоред за нас и во кој половина тим имаше репрезентативни обврски. Противникот игра одлично, во добра форма, но наша цел е да дадеме се од себе и да се обидеме да изненадиме. Ако Задар како гостин успеа да ја совлада Црвена Звезда, тогаш зошто и ние да не се надеваме на победа против ривалот од Железник?“, изјави Робев пред денешниот натпревар.

МЗТ Скопје досега е со само една победа, против Студентски Центар на домашен терен. Пред денешниот меч екипата остана без Еван Максвел со кого клубот ја раскина соработката.

0Shares
0 0