Заедно имаат 109 години, ја освоија Евролигата, летово ќе се борат за ново светско злато

0Shares
0 0

Се уште актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Шпанија, Хорхе Гарбахоса најави дека легендите на оваа земја Руди Фернандес, Серхио Родригес и Серхио Љуљ ќе играат на претстојното Светско првенство што од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Наводно, сите тројца потврдиле дека ќе ги бранат боите на „фуријата“ која на Далечниот Исток ќе го брани златото освоено пред четири години во Кина. На тоа првенство играа Љуљ и Фернандес, но не и Родригес кој тогаш привремено го стави во мирување учеството во националниот тим. Фернандес е единствен кој играше лани на Европското првенство на кое, исто така, триумфираше Шпанија.

Според возраста, за сите тројца претстојното првенство би требало да е последно во кариерите бидејќи заедно имаат 109 години, но знаејќи колку време траат и со каков квалитет располагаат, никој не смее да ги отпише кога станува збор и за следните репрезентативни акции. Пред три дена, Љуљ, Фернандес и Родригес на Реал му ја донесоа 11. титула во Евролигата.

На планетарниот шампионат, Шпанците се во групата Ц, заедно со Иран, Бразил и Брегот на Слоновата Коска.

0Shares
0 0