На три дена пред почетокот на Ф4 од Кошаркарската Лига на Шампиони, на кој Александар Ѓикиќ ќе учествува со својот Хапоел Ерусалим, почина неговата мајка Милка.
Во текот на целата негова тренерска кариера, таа му беше најголема поддршка, а особено во периодот кога го водеше нејзиниот омилен тим Партизан. Додека беше жива, а пред да се разболи, Милка Ѓикиќ не пропушташе натпревар на „црно-белите“, беше едно од најпрепознатливите лица на трибините, без разлика дали Партизан игра во Пионир или во Арена.

„Повеќе од 30 години, постојано го гледам Партизан, од срце навивам. Не пропуштам натпревар, дури и кога има снег, дожд, мраз. Мислам дека првпат дојдов во 1989 година“, зборуваше Милка Ѓикиќ.
Нејзиниот омилен Партизан утре го очекува „мајсторка“ против Реал за пласман на завршниот турнир од Евролигата, а синот Александар Ѓикиќ в петок го почнува походот кон титулата во Кошаркарската Лига на Шампиони, во Малага, каде во полуфиналето се среќава со Тенерифе.