Завршниот турнир од АБА 2 во Подгорица!?

0Shares
0 0

Само две недели ќе имаат Работнички и МЗТ Скопје да се подготват за финалниот дел од регионалното натпреварување во кое двете екипи влегуваат со различни амбиции.

Работнички ќе се бори за опстанок во оваа конкуренција, а МЗТ за враќање во АБА елитата каде последен пат играше во сезоната 2017/18. Во договор со националните лиги, завршниот турнир, како што тврдат српски медиуми, ќе се одржи во Подгорица од 12 или од 19 април.

Во него ќе се игра на два натпревара, а понатаму оди екипата која ќе постигне повеќе поени. Темпото ќе биде пеколно, финалистите ќе мораат да одиграат шест натпревари во период од осум дена. Освојувачот на титулата оди директно во првата АБА дивизија, а поразениот во финалето ќе игра бараж со 13-пласираната екипа во АБА, најверојатно Борац Чачак. Поспледнопласираниот тим го губи правото на настап во АБА 2 идната сезона, без разлика дали обезбедил место преку домашното првенство.

0Shares
0 0