Кошаркарскиот клуб Работнички ја доби органзиацијата на завршниот турнир од М14 лигата во машка конкуренција.
На него, покрај домаќинот, ќе учествуваат уште Вардар, ИБА Академија и Куманово, турнирот ќе се игра претстојниот викенд, на 20 и 21 мај. Први на терен, во меѓусебен дуел ќе излезат Работнички и Вардар, а потоа и ИБА Академија и Куманово.
Првпат, победникот на турнирот во оваа конкуренција ќе добие и парична награда во висина од 45.000 денари. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 30.000 денари, третопласираниот со 25.000, а последниот со 15.000 денари.
М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
20.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
16.00: Работнички – Вардар
18.30: ИБА баскет – Куманово
21.МАЈ (НЕДЕЛА)
16.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
18.30: Финале (победник 1) – (победник 2)