В недела (27 август) ќе се одржи семинар за тренери во младински категории, во организација на Кошаркарскиот клуб Гостивар.
Тоа ќе биде прв семинар од ваков вид во земјава, а идејата на организаторот официјално ја поддржа и Здружението на тренери чиј претседател е актуелниот селектор на македонската репрезентација Александар Јончевски. Дека станува збор за фантастична идеја, најдобар доказ е тоа што тренерите не само што со задоволство го прифатиле семинарот, туку тој ќе добие форма на караван со тоа што слични настани, до почетокот на новата сезона ќе се одржат во уште неколку градови од државата.
На семинарот ќе има двајца предавачи, едниот е Горан Крстевски, а вториот ќе го одреди Здружението на тренери.
ПР ТЕКСТ