„Земјотрес“ во Далас: Маверикс останаа без тренер!

0Shares
0 0

По 13 години на клупата, Рик Карлајл си заминува од Далас Маверикс, тврди добро упатениот американски новинар Рик Карлајл.

Информацијата доаѓа само еден ден откако раководството го отпушти генералниот менаџер Дони Нелсон. Карлајл е најуспешен тренер во историјата на франшизата и човекот кој во 2011 година му ја донесе единствената титула на Далас.

„По неколку разговори со Марк Кјубан, ја известив екипата дека повеќе нема да бидам тренер. Ова е исклучиво моја одлука. Последните 13 години водев прекрасен со фантастични луѓе“, рекол Карлајл.

Тој имаше договор со Мавс на уште две сезони, но исто така се шпекулираше дека е заинтересиран да го преземе Милвоки.

0Shares
0 0