Женската репрезентација на Македонија поразена во Белгија со 71 поен разлика

0Shares
0 0

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз на гостувањето во Белгија, во третото коло од квалификациите за Европското првенство во 2023 година.

Нашите дами загубија Од третопласираната европска селекција од последниот шампионат со 41-112 што е еден од најубедливите порази воопшто во овие квалификации, сметајќи ги сите репрезентации. Колку и да звучи нереално, конечниот резултат е дури добар во однос на она што ѝ се закануваше на македонската репрезентација во првата четвртина.

Белгија отвори со 22-0, кварталот им припадна на домаќинките со 34-3, а единствените поени за нас ги постигна Александра Стојановски и тоа кош со фаул на нешто помалку од четири минути пред крајот. Двоцифрената граница беше достигната во 16. минута, потоа македонските кошаркарки нешто полесно поентираа, но сепак не можеа да парираат на далеку поквалитетните противнички.

Над две третини од вкупниот број поени на нашата репрезентација постигнаа две кошаркарки: Јелена Антиќ 15 и Александра Стојановска 14. В недела, македонската репрезентација ја очекува дуелот со Германија на домашен терен.

0Shares
0 0