Златибор доби силен адут за влез во АБА 1!

0Shares
0 0

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, Никола Пековиќ од денеска е нов член на Управниот одбор на шампионот на АБА 2, Златибор.

Информацијата ја потврдил претседателот на клубот Рајко Пелверовиќ. Со ова само се официјализира влезот на Пековиќ во Златибор имајќи предвид дека тој и порано му помагаше од сенка, а често беше и на трибините на натпреварите на екипата. Се смета дека легендата на црногорската кошарка ќе биде силен адут на Златибор во лобирањето, по административен пат да се обезбеди место во АБА 1 лигата.

Српскиот клуб ја освои титулата во АБА 2, но поради квотите на национална основа, мораше да игра бараж против Борац Чачак. Загуби во двомечот и не се пласира во елитната дивизија, но веднаш по завршувањето на сезоната испрати официјално барање, по службен пат да му биде овозможено учество во АБА 1, макар и ако тоа значи проширување на лигата.

0Shares
0 0