Звезда го избрка цел стручен штаб!

0Shares
0 0

Неполна недела откако ја прекина соработката со Владимир Јовановиќ и го назначи Душко Ивановиќ, Црвена Звезда се раздели и со останатите членови на стручниот штаб.

Од тимот си заминуваат помошниците на Јовановиќ кои работеа со него од почетокот на сезоната и на нивно место ќе бидат назначени други.

„Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда ја известува јавноста дека досегашните помошници на првиот тренер во сениорскиот тим Марко Симоновиќ, Миодраг Диниќ и Бранко Јоровиќ повеќе нема да ја извршуваат таа функција. Во оваа прилика им се заблагодаруваме на огромната енергија, работата и посветеноста која ја покажаа откако беа поставени на своите позиции во текот на летото. За следните чекори и новите помошници на првиот тренер Душко Ивановиќ, наскоро ќе ја известиме јавноста“, се вели во соопштението на Звезда.

Информацијата за смената на помошниците на Ивановиќ доаѓа еден час откако Звезда ја победи Цибона со 92-53 во седмото коло од АБА лигата.

0Shares
0 0