Иако не успеа да ја одбрани титулата во АБА, Црвена Звезда најверојатно пак ќе игра во Евролигата, тврдат денеска српските медиуми.
Наводно, раководството на белградскиот клуб обезбедило 500 илјади евра за една од специјалните покани што ќе им бидат доделени на оние кои не успеаја преку првенства да обезбедат пласман во елитното натпреварување. Според Србите, се е договорено и на 29 јуни официјално ќе биде потврдена оваа информација.
Останува уште едно слободно место и во следните четири дена ќе се знае дали ќе го добие Валенсија или Турк Телеком.