Макаби и Црвена Звезда одиграа извонреден натпревар на стартот од турнирот ОПАП во Никозија кој е генерална проба пред почетокот на новата сезона.
Израелскиот гигант славеше со 112-109 по 50 минути игра, однјосно по две продолженија. Клучен беше моментот кога Макаби отиде на +7 (109-102) на нешто повеќе од две минути пред крајот. Ханга со две тројки ја врати Звезда во игра, но тоа не беше доволно за целосен пресврт.
Макаби беше пред победа и во основниот дел од мечот бидејќи водеше со 73-64 во последната четвртина, но Немања Недовиќ одигра извонредно во финишот и ја остави Звезда во игра. Слично беше и во првото продолжение кога српскиот тим се спаси благодарение на Јаго дос Сантос..
Утре Црвена Звезда игра против Жалгирис во последниот подготвителен меч пред новата сезона, а Макаби се среќава со Олимпијакос.