Звезда против Будуќност во полуфиналето од АБА

0Shares
0 0

Бранителот на титулата Црвена Звезда без поголеми проблеми ја мина првата пречка во плејофот од АБА лигата и ја продолжува борбата за новиот трофеј.

Во вториот меч од серијата против Задар, белградскиот тим како гостин славеше со 74-63. Без разлика на убедливиот пораз, домаќините имаа свои моменти на овој натпревар, пред се во финишот од првото полувреме кога по серијата од 13-0 дојдоа до единственото водство, од 33-30. До паузата, Звезда се избори за предност од 35-33, а во вториот дел целосно беше скршен отпорот на Задар кој по оваа елиминација се насочува кон домашното првенство каде ќе атакува на шампионската титула.

Во полуфиналето, Црвена Звезда ќе игра против Будуќност кој, исто така, во два натпревара беше подобар од Мега. На другата страна од ждрепката уште ништо не се знае. Партизан не ја ни почнал серијата против Студентски Центар затоа што е фокусиран на Евролигата, а Олимпија и ФМП ќе играат „мајсторка“ во Љубљана.

0Shares
0 0