Во обид да ги оправда инцидентите што се случија пред и за време на третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата, Црвена Звезда го направи она што најдобро го знае – објави ново соопштение и тоа по 3 часот наутро.
Во него тврди дека инцидентите ги направиле четири лица кои немаат никаква врска со Звезда, туку се навивачи на друг клуб.
„КК Црвена Звезда има сознанија дека дел од инцидентите пред почетокот на натпреварот број 3 од финалето, поради кои доцнеше почетокот на натпреварот се дело на лица кои немаат врска со клубот. КК Црвена Звезда собира податоци за четири лица кои носеа дресови на Немања Недовиќ и кои фрлаа предмети на паркетот, а првите информации говорат дека тие се препознати како членови на навивачка група на друг клуб.
Се наоѓаа на платформата кај телевизиските камери кои ги реализираа пренос од Пионир во неделата навечер. Салата е покриена со камери, за се се известени сите надлежни служни кои биле задолжени за обезбедување на натпреварот, а клубот ќе ја извести јавноста за идентитетот на овие лица кога ќе ги добие сите податоци“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Звезда.