Откако пред два дена го донесе Адам Ханга од Реал, екипата на Црвена Звезда од денеска е посилна и за досегашен кошаркар на Барселона.
Станува збор за словенечкиот репрезентативец Мајк Тоби кој за оваа селекција игра како натурализиран играч бидејќи е роден во САД. Тоби е петто засилување за Црвена Звезда во текот на летото по Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ, Милош Теодосиќ и спомнатиот Адам Ханга.

Пред да го облече дресот на Барселона, Тоби беше играч на Валенсија, Тенерифе и кратко на Шарлот Хорнетс во НБА лигата.