Екипата на Вашингтон Стејт продолжува во следната фаза од конференцискиот плејоф откако ноќеска без поголеми проблеми го совлада својот стар „муштерија“ Стенфорд со 79-62.
Одлучи првото полувреме кое Кугарс го добија со 79-62, па во вториот дел само мирно ја задржа предноста и обезбеди пласман во полуфиналето од Пац-12 конференцијата. Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше еден од најдобрите. За 37 минути во игра, тој постигна 13 поени со три тројки, а додаде уште 6 скока и една украдена топка.
Во полуфиналето, Вашингтон Стејт ќе игра со Колорадо, а натпреварот е на програмата вечерва во 3:30 часот по средноевропско време.


