АБА лигата направи невиден преседан откако денеска на ТФТ не му дозволи да игра во полн состав на дуелот против Слобода на отворањето на новата сезона во АБА 2.
Како што соопшти тренерот на тимот Боро Смилковски, делегатот пред почетокот на мечот им соопштил на челниците на македонскиот клуб дека странските кошаркари, како и уште неколкумина од домашните, немаат право на настап затоа што не била навреме регистрирани.
Сепак, ТФТ, како што и соопшти Смилковски, има доказ дека тоа не е точно. Списокот на играчи кој фигурира на официјалната интернет страница на АБА покажува дека нашиот претставник има 14 уредно регистрирани кошаркари и нивната регистрација е направена на 17 октомври.

Останува уверувањето на делегатот, кое исто така „не држи вода“, дека денешниот натпревар требало да се игра минатата недела и дека само дотогаш регистрирани играчи. Овој распоред е целосно нов бидејќи според првичниот, ТФТ требаше против Слобода да игра на домашен терен.


