Трофејните европски стручњаци Жељко Обрадовиќ и Шарунас Јасикевичиус се сретнаа и силно се прегрнаа на концерт во Атина.
Неделава двајцата беа во грчката престолнина, Обрадовиќ да прими награда од еден тамошен спортски портал, а Литванецот за да го води Фенербахче на дуел против Панатинаикос. Забележани беа заедно на концертот на големите грчки музички ѕвезди Андонис Ремос и Христос Масторас.
🫂 Zeljko Obradovic ve Sarunas Jasikevicius pic.twitter.com/L5O11LtxQZ
— Souvess (@souvess) February 14, 2026
Секако, нивното присуство не остана незабележано, а моментот на средбата беше најсилен бидејќи, како што може да се види, се прегрнаа и останаа така доста долго време.


