Откако минатата сезона ја помина во Црвена Звезда, кадетскиот репрезентативец на Македонија, Александар Зунзуровски денеска официјално е претставен како нив член на истата категорија во тимот на Партизан.

„Црно-белите“ денеска го претставија 15-годишниот кошаркар кој важи за еден од најголемите таленти во европската кошарка и на кога му се предвидува блескава иднина. Зунзуровски потпиша стипендиски договор со Партизан и веднаш ќе почне со подготовките за новата сезона.
Неодамна Зунзуровски, кој е роден во САД, настапи за македонската репрезентавија на Б-Европското првенство што се одржа во Гевгелија и Скопје и беше еден од нашите најдобри играчи.


