Екипата на Раховеци славеше со 100-99 против Велазерими во натпреварот што го одбележа дуелот на двајцата македонски стручњаци Горан Самарџиев и Александар Јончевски.
Триумфираше Самарџиев кој со својот тим стигна до втората победа во низа и вкупно втора оваа сезона. Велазерими водеше и со 12 разлика (49-37) на три минути пред крајот на првото полувреме, но до големиот одмор Раховеци успеа да се доближи на само еден поен негатива (50-51), а во вториот дел и да го комплетира пресврт со кој дојде до триумф.
Сепак, двата тима се наоѓаат во долниот дел од табелата и до крајот на сезоната им претстои жестока битка за опстанок или пласман во плејофот.


