Category: Македонија
Гостивар со проектили го „нападна“ Чаир
Гостивар ја има втората најдолга победничка низа во Првата лига откако вечерва го оствари четвртиот триумф по ред. Тимот на Љупчо Малинков славеше на гостувањето кај Чаир со 97-93 во меч во кој победникот не беше познат до последните секунди. Се чинеше дека гостите ја завршија работата на четири минути пред крајот кога поведоа со […]
Куманово се бореше едно полувреме, ама не најде одговор за Џелетовиќ
Работнички ја оствари третата победа во низа откако вечерва славеше на гостувањето кај Куманово со 82-54. Конечниот резултат дава слика дека 15-кратниот шампион лесно и убедливо стигнал до триумфот, но во суштина не беше така. Отпорот на ослабените кумановци беше скрен во второто полувреме во кое домаќините снемаа сила и загубија поубедливо отколку што заслужија. […]
Еден Трајковски недоволен за Феникс, третото место му се насмевнува на ТФТ
Екипата на ТФТ Моцарт славеше со 76-66 против Феникс, во дербито на 19. коло од Првата македонска кошаркарска лига. Меѓу другото, тоа беше директен дуел за третото место на табелата на крајот од сезоната до што сега е многу поблиску ТФТ Моцарт имајќи го предвид неговиот релативно лесен распоред во преостанатите три кола од основниот […]
ВО ЖИВО: Чаир – Гостивар
Денешната програма од Првата кошаркарска лига завршува со дуелот во Чаир каде гостува екипата на Гостивар. За чаирчани ова е трет натпревар по ред на домашен терен, а се уште владее еуфоријата по триумфот против Пелистер пред две кола. Натпреварот во Чаир почнува во 21 часот.
ВО ЖИВО: Куманово – Работнички
Некогашните финалисти во домашниот плејоф последните сезони се во тешка ситуација и се далеку од врвот на македонската клупска кошарка. Работнички во моментов е на седмата позиција, а Куманово е во плејаут зоната. Нивниот дуел се игра од 20:30 часот.
ВО ЖИВО: Феникс – ТФТ
Дербито на 19. коло од Првата македонска кошаркарска лига се игра вечерва во „Јане Сандански“ каде Феникс го пречекува ТФТ. Натпреварот почнува во 20 часот.
Дербито на дното за ФМП
Кошаркарите на Навико Академија ФМП ја прекина серијата од девет порази и се израдува на првиот триумф во 2023 година. Скопскиот тим славеше со 99-94 во дербито на последнопласираните екипи на табелата, но му претстои уште долга борба за опстанок во елитната конкуренција. Струмичани остануваат на дното со девет порази по ред и со само […]
ВО ЖИВО: Струмица – ФМП
Новото коло во Првата македонска кошаркарска лига го отвора дуелот на двете последнопласирани екипи на табелата Струмица и Навико Академија ФМП. Двата тима се без победа во 2023 година, Струмица ги загуби последните осум, а ФМП последните девет натпревари, па еден од нив ќе ја прекине лошата серија. Натпреварот во Струмица се игра од 17:30 […]
Градска пресметка во Аеродром, ТФТ на гости кај Феникс
Иако едни од најмладите екипи во епитната конкуренција во македонската кошарка, Феникс и ТФТ последните две сезони изградија имиџ на квалитетни состави, способни дури да се борат за трофеите. Лани ТФТ Моцарт триумфираше во Купот, а оваа сезона Феникс стигна до финалето од истото натпреварување, со најмладиот состав во прволигашката конкуренција. Вечерва во меѓусебна пресметка […]
НИКОЛИЌ: Знаеме што треба да направиме за да победиме
МЗТ Скопје утре го очекува најважниот натпревар сезонава во АБА лигата. Македонскиот првак гостува кај единствениот ривал за опстанок, во надеж дека ќе победи и ќе ги продолжи шансите за избегнување на последната позиција по основниот дел од сезоната. Борац славеше во првиот меч во Скопје, а и во овој натпревар влегува со една победа […]