По поразот во дербито со Работнички, кошаркарите на МЗТ Скопје немаат многу време за анализи и одмор.
Пред нив е нов европски предизвик, а експедицијата на актуелниот македонски шампион вечерва по полноќ ќе тргне кон Естонија, каде што в среда го очекува дуелот со Тарту во ФИБА Европа купот. Патот до крајната дестинација нема да биде нималку едноставен. „Штрковите“ тргнуваат со автобус кон аеродромот во Приштина од каде ќе се упатат кон Виена и потоа кон Рига. Пристигнувањето во летонската престолнина е планирано за околу пладне по локално време по што следуваат уште 3-4 часа возење со автобус до Тарту.
Целото патување се очекува да трае околу 15 часа, што претставува дополнителен предизвик за тимот во пресрет на дуелот од европското натпреварување.
МЗТ Скопје се наоѓа во многу лоша серија, со седум порази на последните девет меча во сите натпреварувања.


