Посетата на Лос Анџелес Лејкерс на Љубљана предизвика вистинска еуфорија меѓу словенечките навивачи, но една сцена особено го привлече вниманието на јавноста.
На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа како едно дете ја губи рамнотеата и паѓа во реката во обид да стигне до дрес од Лејкерс. Очигледно понесено од желбата да дојде до вредниот сувенир, детето не размислувало за ризикот од ваквата постапка.
Сцената брзо стана вирална и предизвика бројни реакции кај љубителите на кошарката. Дресот од НБА-тимот очигледно бил доволен мотив за детето да се обиде да го фати.
Luka Dončić and the Lakers couldn't believe how much the fan wanted that hat!🤣
— TSN (@TSN_Sports) August 21, 2026
(via jhardy/IG) pic.twitter.com/s9v4DEmiDR
Престојот на Лејкерс во Словенија предизвика огромен интерес, пред сè поради Лука Дончиќ, кој е роден во Љубљана и ужива статус на вистински спортски херој во својата татковина.


