Category: Македонија
Шампионскиот трофеј како роденденски подарок за Крстевски
Центарот на МЗТ Скопје и на македонската репрезентација Бојан Крстевски денеска го слави својот 34. роденден, а не можеше да добие подобар подарок од петтата шампионска титула во својата кариера. И самиот придонесе за тоа со шест поени за 22 минути на теренот, а секако и со уште една одлична сезона во дресот на клубот […]
Атанасов го собори рекордот на Емил Рајковиќ
Васко Атанасов од денеска е најмладиот тренер во историјата на македонското првенство кој се закитил со шампионскиот трофеј. Струмичанецот дојде до титулата со 29 години два месеца и за нешто повеќе од половина година го собори досегашниот рекорд што го држеше Емил Рајковиќ (29 години и 9 месеци) кој во 2008 година триумфираше со тогашниот […]
По 12 години, Војдан пак е МВП
Живата легенда на македонската кошарка Војдан Стојановски покажа дека не старее и дека на 35 години може да игра како во своите најдобри денови. Апсолутно заслужено го освои признанието за најкорисен играч во финалната серија, но секако има огромни заслуги и за резултатите на МЗТ Скопје во текот на целата сезона. Како загревање му дојдоа […]
ВО ЖИВО: Пелистер – МЗТ Скопје
МЗТ Скопје со предност од 2-0 оди вечерва во Битола, на третиот натпревар од финалната серија во домашниот плејоф. Пелистер ќе се обиде да го пролногира крунисувањето, можеби и да внесе доза на драма во финалето иако е јасно дека ќе биде многу тешко. Третиот меч се игра од 18:30 часот.
Аеродром ја чека јубилејната титула, Пелистер нема против да потрае сезоната
Третиот натпревар од финалната серија во македонското првенство се игра вечерва во Битола каде Пелистер ќе го пречека МЗТ Скопје во обид да се избори за продолжување на сезоната. Бранителот на титулата доаѓа со предност од 2-0 и ако вечерва слави, ќе дојде до десеттата шампионска титула во својата историја. Ги има сите услови за […]
Валенсија и Димитријевиќ го раскинаа договорот
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денеска е слободен играч откако спогодбено го раскина договорот со прволигашот од Шпанија, Валенсија. Иако пред две години потпиша за овој клуб, каде дојде од Хувентут, нашиот плејмејкер само една сезона бидејќи новиот тренер Алекс Мумбру не сметаше на него. Во натпреварувачката кампања 2021/22 одигра 33 натпревари со просек од […]
Уште не е завршена оваа, ТФТ го обезбеди првото засилување за идната сезона
Американскиот кошаркар Џелани Симонс е првото засилување за ТФТ Моцарт и воопшто првиот потврден нов играч за идната сезона во македонското првенство. Има 24 години, висок е 197 сантиметри и може да ги покрие позициите 2 и 3. Според конституцијата, многу потсетува на Хортон кој лани го носеше дресот на тимот од Тафталиџе. Минатата сезона […]
Нема „зима“ за МЗТ додека е тука Војдан
Шампионот на Македонија е на добар пат да ја одбрани титулата и да стигне до десеттиот трофеј во својата историја. Во вториот меч од финалната серија, МЗТ Скопје го победи Пелистер со 75-67 и поведе со 2-0, па во следните три меча му треба уште еден триумф за повторно да ги обедини трите круни во […]
Додека размислува каде да потпише, Милутинов ги гледа МЗТ и Пелистер
Српскиот репрезентативец Никола Милутинов вчера официјално ја напушти ЦСКА, а денеска е специјален гостин на МЗТ Скопје на дуелот со Пелистер. Тој ги користи слободните денови по завршувањето на сезоната, а им направи голема чест на играчите на двата најдобри македонски клуба сезонава со своето присуство во Јане Сандански. Сепак, причината поради која е во […]
ВО ЖИВО: МЗТ Скопје – Пелистер
Вечерва во „Јане Сандански“ продолжува финалната серија од македонското првенство. По вторпат се среќаваат екипите на МЗТ Скопје и Пелистер, а нивниот дуел почнува во 19 часот.