Репрезентацијата на Грција речиси го обезбеди првото место во групата од олимписките квалификации откако вечерва ја совлада Доминиканска Република со 109-82 во својот прв меч на турнирот.
Главен играч на мечот беше Јанис Адетокунбо кој го одигра првиот официјален натпревар по пауза од речиси три месеци и за 18 минути постигна 32 поена. Не промаши од игра (10/10 за два, 1/1 за три), а непрецизен беше само од линијата за слободни фрлања од каде имаше 9/13. Покрај сето тоа, со неколку атрактивни забивања ја крена на нозе домашната публика во арената „Мир и пријателство“ во Пиреја.
За Грција останува уште утрешниот меч против Египет кој може да биде само формалност бидејќи дури и со пораз ќе го освои првото место во групата.
Од другите квалификациски турнири, најголемо изненадување денеска направи репрезентацијата на Филипини која во Рига го совлада домаќинот Летонија.
РЕЗУЛТАТИ
ТУРНИР ПИРЕЈА
ГРУПА А
Хрватска – Нов Зеланд 86-90
ГРУПА Б
Доминиканска Република – Грција 82-109
ТУРНИР РИГА
ГРУПА А
Летонија – Филипини 80-89
ГРУПА Б
Црна Гора – Камерун 70-66
ТУРНИР ВАЛЕНСИЈА
ГРУПА А
Шпанија – Ангола 89-81
ГРУПА Б
Бахами – Полска 90-81
ТУРНИР САН ХУАН
ГРУПА А
Мексико – Литванија 84-96
ГРУПА Б
Италија – Бахреин 114-53


