Никола Јокиќ не успеа да му донесе победа на Денвер Нагетс во дуелот со Милвоки, но на индивидуален план направи еден голем чекор во кариерата.
Од синоќа, тој е втор Србин на вечната листа на стрелци во НБА лигата откако го помина Владе Дивац. Јокиќ сега има 13.421 поен, а поранешниот играч на Лејкерс, Сакраменто и Шарлот е на бројката од 13.398. Јасно е дека многу брзо, можеби и до крајот на месецов, Јокиќ ќе биде најефикасен Србин во историјата бидејќи пред него е само Предраг Стојаковиќ со 226 поени повеќе (13.647).
На вечната листа на стрелци во историјата на НБА лигата, Јокиќ во моментов се наоѓа на 212. место, но може многу брзо да напредува бидејќи пред него немаат голема предност.


