Денвер доживеа епски дебакл од Минесота во шестиот меч од полуфиналето на Истокот и тоа е една од најголемите сензации во НБА сезонава.
Свесен за тоа е и најдобриот играч во лигата Никола Јокиќ кој по мечот се пошегува на своја сметка.
„Ова е голем пораз, не уништија и треба да го почитуваме нивниот резултат. Ги ‘имавме’ на почетокот, на 9-2 за нас. Тоа не изгледаше добро за нив во тој момент, нели?“, се шегуваше Јокиќ.
По тоа водство од 9-2, Минесота одговори со 27-2 и веќе во тие моменти можеше да се насети што го очекува Денвер.


