Репрезентацијата на Австралија остана без селектор по денешниот пораз од Србија во четвртфиналето од Олимписките игри во Париз.
Досегашниот предводник Брајан Горџијан поднесе оставка на својата позиција откако „Бумерс“ испуштија предност од 24 разлика и доживеаја елиминација. За 71-годишниот американски стручњак, ова беше втор мандат на селекторската функција во австралиската репрезентација кој го почна во ноември 2020 година, а најголемиот успех го оствари на претходните Олимписки игри, во Токио освојувајќи го бронзениот медал. Од март годинава, тој е тренер на Сиднеј Кингс и во иднина ќе се посвети само на таа работа.
Јасно е дека ова е крај на еден циклус во австралиската репрезентација бидејќи освен селекторот Горџијан, својот последен настап за националниот тим најверојатно го запишаа и Пети Милс и Џо Инглс.


