Никола Јокиќ се врати во тимот на Денвер по два пропуштени натпревари, но откри дека воопшто не му било лесно на теренот.
Српскиот репрезентативец го запиша 15. трипл дабл оваа сезона и вкупно 145. во кариерата, постигнувајќи 35 поени, 12 скока и 15 асистенции во победата над Бруклин со 124-105. Сепак, болеста оставила траги и му требало малку повеќе време да се почувствува добро.
„Се чувствувам подобро отколку претходните денови. Со помош на стручниот штаб, добив многу третмани. Ми дадоа пакет со течности, од антибиотици и уште некои работи. Не знам точно што е, само пиев, за се, од главата, носот, градите и малку за грлото. Телото ми е навистина лошо и ситуацијата беше многу тешка.
Се чувствував многу поуморно денеска. Второто полувреме беше подобро од првото, во првото мислев дека ќе умрам“, рече Јокиќ.
Тоа што во таква состојба Србинот успеа да стигне до брутален трипл дабл, најдобро зборува за неговиот квалитет.


