Поранешниот плејмејкер од шампионската генерација на Хјустон Рокитс, Сем Кесел смета дека актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ не би имал никакви шанси на теренот со Хаким Олајџувон.
Нигериецот со американски пасош беше еден од најдобрите центри во светот во 90. години од минатиот век, го предводеше Хјустон до две титули, во 1994 и 1995 година и остави длабока трага во тогашната кошарка.
„Хаким беше ѕвер во секоја смисла, тој е во топ-10 во сите категории: поени, скокови и украдени топки. Веројатно Јокиќ еден ден ќе го престигне по бројот на поени, но Хаким би го добил секој дуел со него. Јокиќ не може да му наштети во теренот, едноставно не би добил шанса. Исто така, нема шанси ни во одбрана, па нему Жоел Ембид му прави проблеми, така што не би можел да се носи со Хаким“. смета Кесел.
Јокиќ е троен МВП на НБА лигата, подвиг кој не им успеал на мал број кошаркари низ историјата. Сепак, факт е дека НБА е многу променета во овие три децении и дека сега се игра многу помеко во однос на 90. години, период кој многумина го сметаа за најдобар во историјата на лигата.


