Малку недостасуваше Никола Јокиќ да стане четврти играч во историјата кој остварил трипл дабл на натпревар од Олимписките игри.
На српскиот репрезентативец му недостасуваше еден скок за да дојде до такво достигнување, но селекторот Светислав Пешиќ одлучи да го остави на клупа во последната четвртина и тоа не се случи. Сепак, Јокиќ успеа да оствариски историски подвиг и да го запише своето име меѓу легендите.
Тој стана прв играч во историјата на Олимписките игри кој на еден натпревар постигнал најмалку 10 поени, 15 скока и 5 асистенции. За да успее во тоа, му беа потребни само 23 минути на теренот.


