Еден од најпознатите кошаркарски новинари во САД, Стивен Смит предизвика бура откако изјави дека според него Никола Јокиќ не е најдобар играч во НБА лигата.
Уште повеќе изненади со мислењето дека Лука Дончиќ не е ни во топ-3 играчи и покрај тоа што словенечкиот кошаркар е најдобар стрелец во лигата.
„Го почитувам велчичествениот Никола, но мој избор во моментов е Шеј Гилџес-Александер“. Оклахома е прва на Западот, тој одигра 71 натпревар, трет стрелец е во лигата, по Лука и Јанис и постигна 30 или повеќе поени на 50-тина натпревари. Освен тоа, Оклахома го доби Денвер на три од четирите натпревари сезонава“, објасни Смит во емисијата First take.
Тој дури и објави за кого ќе гласа во изборот за МВП: Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ и дополнително ќе одлучи меѓу Едвардс и Брансон. Тоа предизвика изненадување кај водителот на емисијата кој го праша зошто не смета на Дончиќ.
„Лука со Далас се бори за петтото место на табелата. А, погледни како играат Никс“, доаде Смит.


