Колку и да растура на кошаркарските терени, евидентен е заморот кај Никола Јокиќ кој последните четири сезони игра речиси максимален број натпревари.
Синоќа на теренот помина 40 минути во дуелот против Минесота, постигна 32 поена, но ни тоа не беше доволно да го однесе својот тим до победа во првиот меч од полуфиналната серија на Западот. По натпреварот, малку на шега, ама и малку на вистина, откри која му е најголемата желба.
„Би сакал да имам идентичен клон, па да излезам да се одморам малку, а тој да игра. Потоа да се вратам свеж и се така…“, рече Јокиќ и предизвика смеа кај присутните на прес-конференцијата.
Шанса за поправен, тој и другарите ќе имаат за два дена кога на домашен терен го играат вториот меч од серијата.


