Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски го скрати списокот на 16 играчи пред денешниот почеток на подготовките за двомечот со Литванија.
Меѓу осумтемина кои отпаднаа е и Ти Џеј Шортс кој очигледно не добил дозвола за настап од својот клуб Париз, па натурализиран играч на двата натпревара ќе биде центарот Итан Хап. На списокот се уште фигурира Ненад Димитријевиќ кој сигурно нема да игра во Скопје в четврток, но по се изгледа постои договор тој да биде во комбинација за реваншот во Клаипеда в недела.
Шортс и Димитријевиќ имаат натпревари од Евролигата истиот ден кога Македонија ја пречекува Литванија и поради тоа нема да биде достапни за тој меч. Подготовките за двата натпревара почнуваат денеска во 13 часот во СРЦ Кале каде ќе ги пречекаме Литванците на 21 ноември.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Работнички
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ
Бобан Стајиќ – Пелистер
Кристијан Николов – Џеди Осман академи
Адем Мекиќ – Бора
Лејсон Зеќири – Башкими
Итан Хап – Валенсија
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано
СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски


