Селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски е задоволен од изданието на нашиот тим во Клаипеда и покрај убедливиот пораз.
Како и сите кои го следеа натпреварот, 43-годишниот стручњак посочи дека Литванија заслужено победи, но можеби разликата не требаше да биде 22 поена.
„Се боревме во најголемиот дел од натпреварот. Овој резултат не е реален одраз на односот на теренот, победата на Литванија е наполно заслужена и јас ѝ честитам, но се можеше да тргне во друга насока. Најголем проблем ни беше скокот, ни недостасуваат високи играчи кои можат да го контролираат рекетот и настрадавме од кошеви од втора шанса и покрај тоа што се боревме во најголемиот дел од мечот.
Не знам дали долгиот пат до Литванија е главна причина за нашиот пораз, но горд сум на кошаркарите на тоа како се бореа. Можеби исто ќе беше и ако дојдевме со нив заедно по натпреварот во Скопје. Уште стојам на тоа дека македонската репрезентација има поголем талент од литванската, но зборувам за овие екипи, а не воопшто за селекциите на двете репрезентации“, рече селекторот


