Екипата на Колорадо доживеа минимален пораз (74-75) од УЦФ Најтс, но натпреварот го одбележа јубилејот на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.
Нашиот кошаркар помина 36 минути на теренот и за тоа време постигна 16 поени со четири тројки и беше втор стрелец во својата екипа. Со 13. поен, стигна до бројката од 1.000 во НЦАА, во неговата последна сезона во ова натпреварување.
1K DRE 🫡
— Colorado Men's Basketball (@CUBuffsMBB) January 9, 2025
with his 13th point tonight, @andrejjaki23 reaches 1,000 career points pic.twitter.com/pVgAlZIOrQ
Колорадо го доживеа третиот пораз во низа и се наоѓа на 12. место во Биг-12 дивизијата со биланс 9/5. Најважните натпревари за тимот допрва почнуваат бидејќи во следниот период ќе игра со екипи од својата дивизија.


