Турскиот репрезентативец Џеди Осман вечерва пристигна во Атина каде официјално ќе биде промовиран во играч на Панатинаикос, а неговото доаѓање предизвика голема еуфорија меѓу навивачите на актуелниот европски шампион.
За тоа се погрижи и родениот охриѓанец кој при пристигнувањето ги поздрави фановите на ПАО со имитација на бројот 8 со своите прсти, алудирајќи на тоа дека ќе се обиде на тимот да му ја донесе осмата титула во Евролигата.
Осман потпиша договор на една сезона, со можност за продолжување на уште една, а во Панатинаикос доаѓа по седум години поминати во НБА.


