Легендата на српската кошарка Александар Ѓорѓевиќ денеска е назначен за прв тренер на Дубаи, клубот кој од идната сезона ќе се натпреварува во АБА лигата.
Ѓорѓевиќ е селектор на репрезентацијата на Кина, а преку Дубаи ќе се врати во клупската кошарка по пауза од две години откако последниот ангажман го имаше во Фенербахче во 2022. Неговата промоција на новата функција ќе се одржи наскоро и тој ќе биде лидер на новиот проект чија главна цел е за неколку години да стигне до Евролигата.
Дубаи досега нема ниеден потпишан играч, но тој процес треба да почне следните денови, веројатно откако Ѓорѓевиќ ќе биде претставен како тренер на клубот.


