Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно блескаше и е најзаслужен за новата победа на неговиот тим Вашингтон Стејт.
Кугарс славеа против УСЦ со 75-72, а Јакимовски беше најефикасен во својот тим со 18 поени, вклучувајќи четири тројки и додаде уште пет скока. За Вашингтон Стејт, ова беше 22. победа со која продолжи да ѝ дише во врат на Аризона која е лидер во Конференцијата.
Во тимот на УСЦ играше синот на Леброн Џејмс, Брони кој за 12 минути на теренот постигна само два поена и направи четири лични грешки.


