Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден извонреден меч за тимот на Колорадо, само 24 часа откако го сруши актуелниот НЦАА шампион.
Бафалос играа со Ајова Стејт во дуел за петтото место на турнирот на Хаваи кој влегува и во календарот на НЦАА и загубија со 71-99 што е втор пораз за нив во седмиот меч оваа сезона. Уште од првото полувреме Колорадо беше во двоцифрена негатива од која не успеа да се извлече до крајот на натпреварот, па последните десетина минути беа само формалност.
Andrej is all EFFORT💪
— Colorado Men's Basketball (@CUBuffsMBB) November 27, 2024
📺ESPN2 pic.twitter.com/PM9IiWqc5D
Андреј Јакимовски беше втор стрелец во својата екипа со 18 поени на кои додаде четири скока и една асистенција, а долго време ги предводеше Бафалос како единствен со двоцифрен број поени. Во финишот, кога се беше решено, се разигра Хемонд кој стигна до 20 поени и го помина нашиот кошаркар.


