По само четири месеци, израелскиот репрезентативец Јам Мадар одлучи да го напушти тимот на Баерн и да се врати во татковината.
Медиумите во Израел објавија дека тој ставил потпис на договор на 2,5 години со својот матичен клуб Хапоел Тел Авив каде ќе заработи вкупно 3,3 милиони евра. Од него ќе профитира и Баерн кој ќе заработи 400 илјади евра за кошаркар кого го доби бесплатно во текот на летото.
Мадар одигра само пет натпревари за Баерн во Евролигата на кои просечно постигнуваше по 4,2 поени и 1,6 асистенции. Иако е релативно млад, неговата кариера тргна во надолна линија откако си замина од Партизан во летото 2023 година и тогаш одлучи да се пресели во Фенербахче. Не се истакна претерано во турскиот гигант, годинава замина во Баерн да го поправи впечатокот, но до крајот на сезоната ќе учествува во Еврокупот каде Хапоел има високи амбиции.
Хапоел е клуб каде тој ја почна својата професионална кариера, во 2018 година. По три години во првиот тим се пресели во Партизан, а потоа играше уште за Фенербахче и Баерн.


