Најдобриот грчки кошаркар во поновата историја Јанис Адетокунбо е присутен во Берлин на завршниот турнир од Евролигата каде е една од главните ѕвезди.
Со оглед на тоа што на Ф4 има две грчки екипи, јасно е дека е интересен за медиумите од нашиот јужен сосед од кои доби прашање дали на залезот на кариерата би заиграл во татковината, во некој од најсилните клубови во неа.
„Кога бев дете, Олимпијакос и Панатинаикос не ме сакаа и не знам зошто би играл за нив на 38-39 години. Ако се враќам, би играл за Филатетикос каде почнав со кошарката. Каде и да е, сигурно би го внел во Првата лига. Можеби можам да ги купам Панатиаикос или Олимпијакос, ако господата Ангелопулос или Јанакопулос ги продаваат“, изјави Адетокунбо.
Токму од Филатетикос, во 2013 година тој замина во НБА лигата, како 15. пик на драфтот избран од Милвоки Бакс чиј член е и денес.


