Легендарниот кинески кошаркар Јао Минг поднесе оставка на местото претседател на Кошаркарскиот сојуз на Кина, по повеќе од седум години на функцијата.
Такво нешто беше најавено уште во мај годинава кога Минг ја напушти позицијата претседател на Кошаркарскиот менаџмент центар на Кина кој управува со Сојузот. На престедателската функција, тој ќе биде заменет од досегашниот потпретседател Гуо Женминг.
Јао Минг беше избран за претседател на Кошаркарскиот сојуз на Кина во февруари 2017, а за втор мандат се избори во 2022 година. И покрај тоа што е легенда на кинеската кошарка, не може да се пофали со големи успеси. Машката репрезентација на Кина не успеа да се пласира на Олимписките игри во 2021 и 2024 година, додека женската беше петта во Токио и деветта година во Париз. Честа, сепак, ја одбранија дамите кои во 2022 година станаа вицешампионки на Светското првенство.


