Репрезентацијата на Јапонија славеше во дуелот со Кина во рамките на квалификациите за Азиското првенство.
Јапонците триумфираа со 76-73 и тоа е прва победа за оваа селекција во меѓусебните дуели со Кина по пауза од 88 години. Последната победа на Јапонија против Кина датира од Олимписките игри во Берлин во 1936 година славеле со 35-19. Историскиот подвиг го одбележаа Јудаи Баба кој постигна 24 поени и Хокинсон со 14. Ху со 23 и Минжуан со 20 поени беа најефикасен во кинеската репрезентација.
Целиот натпревар репрезентациите беа во резултатски егал. Во драматичниот финиш, Хиеџима беше сигурен од линијата за слободни фрлања, а потоа Кинезите промашија тројка за продолжение.


