Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус откри која е причината за неговиот гнев кон Јоргос Барцокас по синоќешниот меч на нивните екипи.
Литванскиот стручњак тргна да се тепа со својот колега од спротивната страна веднаш по последниот звук на сирената во моментите кога двајцата тренери требаше да се поздрават.
„Пред се, имам одлични односи со Јоргос и сакав така да остане, но тој имаше некои коментари кои можев да ги слушнам. Ова е вторпат да се дрзнува да ми кажува како да го водам својот тим. Првиот пат се случи кога беше тренер на Химки и мислам дека тоа е неприфатливо“, објасни Јасикевичиус.
Неговиот тим славеше со 82-71, но инцидентот по завршувањето на мечот го стави во втор план исходот од дуелот на двата претендента за титулата во Евролигата.


