Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос призна дека му се восхитува на суперстарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.
Тој го рангира Србинот на второто место на најдобрите кошаркари во историјата, веднаш зад Мајкл Џордан.
„Никола Јокиќ е најдобар кошаркар во историјата, по Мајкл Џордан“, напиша Јанакопулос.
Интересно е тоа што, според него, пред Јокиќ не е ниту најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокунбо, но и низа американски легенди како Леброн Џејмс, Бил Расел, Оскар Робертсон, Коби Брајант, Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Вилт Чембрлен итн.


