Денвер Нагетс ја победи Јута со 142-121, а Никола Јокиќ партиципираше во триумфот со 26 поени.
Со тоа стигна до вкупно 13.668 поени во досегашниот дел од кариерата и стана најефикасен Србин во историјата на НБА лигата. До синоќа, на првото место беше Предраг Стојаковиќ со 13.647 поени, а Јокиќ пред нешто помалку од еден месец го помина и Владе Дивац кој во кариерата постигна 13.421 поен.
Јасно е дека Јокиќ нема тука да застане бидејќи има 29 години и најмалку уште 5-6 сезони во НБА лигата. Во моментов, тој е 204. на вечната листа на стрелци во историјата на НБА, но може да се очекува наскоро да влезе меѓу најдобрите 200 затоа што Бил Лембир има само 122 поена повеќе од него.


