Иако не се оптовари многу, Никола Јокиќ во дуелот со Далас стигна до нов трипл дабл, но и до рекорд во НБА лигата.
Српскиот центар стана играч кој најбрзо стигнал до бројката од 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции во кариерата што е уште едно од низата големи достигнувања. За овој рекорд на Јокиќ му беа потребни само 709 натпревари, 90 помалку од досегашниот рекордер Лери Бирд.
Денешниот трипл дабл беше 16. за Јокиќ сезонава и во тој параметар тој е убедливо на првото место, со двојно повеќе од второпласираниот Леброн Џејмс.


