Бостон Селтикс по вторпат сезонава го совлада Денвер во дуелот на последните два шампиона во НБА лигата.
Бранителот на титулата славеше со 110-103, апсолутно заслужено бидејќи беше во водство во текот на целиот натпревар. Можеби победата можешше да биде изразена и со поголема разлика, ако се знае дека во неколку наврати предноста одеше и до +20, но Денвер успеа да го направи финишот максимално неизвесен.
На околу две минути пред крајот гостите се доближија на само три поени негатива (99-102), но неколку брзоплети напади и лоши одлуки придонесоа да не дојде до голем пресврт на овој меч. Ал Хорфорд и Дерик Вајт постигнаа кошеви во клучните моменти, колку да ја потврдат победата на шампионот.
Браун беше најефикасен на мечот со 24 поени, Браун додаде 22, а Хорфорд 19. Кај Денвер, прв стрелец беше Мареј кој постигна 26 поени, Јокиќ беше блиску до нов трипл дабл, но остана покус за една асистенција (20 поени, 14 скока, 9 додавања).


